Овој статус се заслужува со систематско и постојано усовршување не само на теоретското знаење, туки и на практичниот аспект – сервисот.
Иако селекцијата, чувањето и сервисот на вино и жестоки пијалоци е фокус на професијата, главен приоритет на одличен сомелиер се потребите и задоволството на неговите гости. Веруваме дека ова не е нешто што може да се научи, туку е пристап кој сомелиерот треба ДА ОДЛУЧИ да го има.
Како медијатор помеѓу производот и производителот, од една страна, и гостинот од друга – сомелиерот ја балансира својата двојна улога на советник на гостите и, истовремено – еден од главните извори на профит на ресторанот!
Интернационална професија, која е постојан предизвик и бара постојано усовршување, сомелиерството се почесто е избор на младите амбициозни луѓе во светот.
Некои од главните цели на МАКСА е да овозможи македонската јавност да се запознае со сомелиерството, со потребата тоа да биде внесено во номенклатурата на професии, како и неопходноста позицијата сомелиер да биде дел од секој ХоРеКа тим.