МАКСА – Македонската Сомелиерска Асоцијација е невладина организација, замислена и креирана од група луѓе со иста страст и различно винско минато – професионалци, но и сериозни вински љубители.
Нашата мисија е да бидеме обединител на заеднички, искрен и независен напор на винските професионалци и ентузијасти за подигнување на винската култура во Македонија.
Со таа цел, организираме многубројни активности кои имаат забавен, едукативен, и најпосле – компетитивен карактер: дегустации на вина, алкохолни и безалкохолни пијалоци; обуки, работилници и стручни предавања, учество на регионални, европски и светски натпревари за најдобар сомелиер.
Како наш член, ќе бидете дел од движење кое искрено вложува во подигнувањето на винската/сомелиерската свест и култура во Македонија, и ќе се здобите на правото да користите бенефити како попусти поврзани со нашите активности и настани.
Важно ни е да знаете – не е потребно да сте сомелиер за да бидете член на МАКСА. Ние сакаме да соработуваме со мотивирани луѓе со љубов кон виното, сомелиерството, кои не само што ја препознаваат потребата за унапредување винската култура и свест во нашата винска земја Македонија, туку и се подготвени да дејствуваат во името на таа цел.