сомелиер профил

Што значи да се биде сомелиер?

Сомелиерите се професионалци кои специјализраат во сите аспекти на сервисот на вино, пиво и жесток пијалок, како и комбинирањето на храна и вино.

 
Пред само неколку години, оваа професија беше резервирана за луксузните ресторани.
Но денес – сомелиерите се едуцирани, млади и урбани рок-звезди во светот на угостителството.

Овој статус се заслужува со систематско и постојано усовршување не само на теоретското знаење, туки и на практичниот аспект – сервисот.

Иако селекцијата, чувањето и сервисот на вино и жестоки пијалоци е фокус на професијата, главен приоритет на одличен сомелиер се потребите и задоволството на неговите гости. Веруваме дека ова не е нешто што може да се научи, туку е пристап кој сомелиерот треба ДА ОДЛУЧИ да го има.

 
Како медијатор помеѓу производот и производителот, од една страна, и гостинот од друга – сомелиерот ја балансира својата двојна улога на советник на гостите и, истовремено – еден од главните извори на профит на ресторанот!

Интернационална професија, која е постојан предизвик и бара постојано усовршување, сомелиерството се почесто е избор на младите амбициозни луѓе во светот. 

Некои од главните цели на МАКСА е да овозможи македонската јавност да се запознае со сомелиерството, со потребата тоа да биде внесено во номенклатурата на професии, како и неопходноста позицијата сомелиер да биде дел од секој ХоРеКа тим.