ние сме макса

Нашата мисија

МАКСА е основана во јануари 2021. Создадена е од група луѓе со иста страст и различно винско минато – професионалци, но и сериозни вински љубители. 

Нашата мисија е да бидеме обединител на заеднички, искрен и независен напор на винските професионалци и ентузијасти за подигнување на винската култура во Македонија.

Статут

Цели

• Запознавење на јавноста со професијата сомелиер;
• Креирање на услови за професијата сомелиер да биде внесена во номенклатурата на професии.
• Популаризирање на македонската кујна, вина и винска култура;
• Промовирање на културата на виното и другите пијалоци преку создaвање на свест кај потрошувачите за предностите за општествено одговорното уживање во пијалоците;
• Унапредување на услугите во ХоРеКа секторот, вклучително и преку соработка со други здруженија, институции и деловни субјекти;
• Овозможување на размена на мислења, знаења и искуства на членовите;
• Унапредување на винската култура и професионалното сомелиерско образование преку организирање обуки, семинари и стручни собири;
• Стручно усовршување на членовите со стручни знаења и вештини, со цел унапредување на професионалноста и сервисот на ХоРеКа индустријата;
• Помош во професионалното/кариерно напредување на членовите на Асоцијацијата;
• Афирмација на професијата сомелиер и претставување на сомелиерите на Северна Македонија во странство, односно во сестринските асоцијации и организации,
• Поддршка на ставот дека сомелиерството треба да биде редовен наставен предмет во средните и високите хотелиерско‐туристички и угостителски школи;
• Промоција на хортикултура, витикултура, енологија, и
• Промоција на автохтоните овоштарски и лозарски сортименти.

Активности

• Организирање на обуки, работилници и стручни предавања со цел подигнување на нивото на знаење на вработените во ХоРеКа и љубителите на вино;
• Организација на дегустации на вина, алкохолни и безалкохолни пијалоци;
• Издавање на билтен, пропаганден материјал, магазин и весник;
• Организација на патувања во земјата и странство, со цел подигнување на винската култура и сомелиерската дејност;
• Соработка со винариите, организациите и агенциите од областа на винскиот туризам;
• Учество на регионални, европски и светски натпревари за најдобар сомелиер;
• Соработка со ресорните министерства и здруженијата на енолози и лозари, со цел популаризација на домашните вина и нивната продажба во ХоРеКа и други објекти.