членство

МАКСА – Македонската Сомелиерска Асоцијација е невладина организација, замислена и креирана од група луѓе со иста страст и различно винско минато – професионалци, но и сериозни вински љубители.

Нашата мисија е да бидеме обединител на заеднички, искрен и независен напор на винските професионалци и ентузијасти за подигнување на винската култура во Македонија.

Со таа цел, организираме многубројни активности кои имаат забавен, едукативен, и најпосле – компетитивен карактер: дегустации на вина, алкохолни и безалкохолни пијалоци; обуки, работилници и стручни предавања, учество на регионални, европски и светски натпревари за најдобар сомелиер.

Како наш член, ќе бидете дел од движење кое искрено вложува во подигнувањето на винската/сомелиерската свест и култура во Македонија, и ќе се здобите на правото да користите бенефити како попусти поврзани со нашите активности и настани.

Важно ни е да знаете – не е потребно да сте сомелиер за да бидете член на МАКСА. Ние сакаме да соработуваме со мотивирани луѓе со љубов кон виното, сомелиерството, кои не само што ја препознаваат потребата за унапредување винската култура и свест во нашата винска земја Македонија, туку и се подготвени да дејствуваат во името на таа цел.

 

Дел од Статутот на МАКСА

II – Членство, Член 11.
Член на Асоцијацијата е полнолетно лице кое потпишало документ за пристап и го платило пропишаниот износ на членарина за упис, односно годишна членарина (1500 мкд).
За стекнување на статусот член на Асоцијацијата одлучува Собранието, а помеѓу две седници на Собранието – Управниот одбор може да изгласа статус на привремен член.
Член може да биде секое лице без разлика на пол, вероисповед, националност, државјанство, расна припадност, образование, политички и други лични определувањa.

Како да аплицирате?

Испратете ни порака или e-mail со:

– Вашето име

– контакт телефон и/или е-маил

– адреса на живеење

– Вашата професија

– и збор, два или онолку колку што ќе бидете инспирирани – “зошто сакате да бидете дел од МАКСА”

Ве очекуваме. Придружете ни се!

аплицирајте...

инфо

Адреса

Антон Попов 8, 1000 Скопје Македонија

Email

info@maksa.mk

Телефон

+389 70 29 22 19