Македонска сомелиерска асоцијација

- МАКСА -

Градиме сомелиерска култура ЗАЕДНО.

-МАКСА

макса
сомелиер - oбука

Сомелиерството е динамична професија во постојан подем и нуди бројни можности за кариера полна предизвици. 

Поради тоа, нашите обуки и тренинзи се градени врз идејата за постојана и систематска надградба на професионалното знаење и вештини.

ние сме
макса

МАКСА е создадена од група луѓе со иста страст и различно винско минато – професионалци, но и сериозни вински љубители. 

МАКСА е основана во јануари 2021 година.

Сомелиерите се искусни вински професионалци кои специјализраат во сите аспекти на сервисот на вино, пиво и жесток пијалок, како и комбинирањето на храна и вино.   

Пред само неколку години, оваа професија беше “резервирана” за луксузните ресторани. 

Но денес – сомелиерите се едуцирани, млади и урбани рок-звезди во светот на угостителството.

AKTУЕЛНИ настани & проекти

somm talks

македонски
вински
угостител

Во јануари 2021 година започнаа обуките на Македонски вински угостител. МВУ е креиран благодарение на шест македонски винарии и E4E –  Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk) поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

 Предвидено е низ програмата на МВУ да минат 180 кандидати, спонзорирани од винариите Стоби, Сопот, Камник, Венец, Езимит и Картал, и номинирани од угоститиелските објекти во кои работат.

Програмата е креирана од центарот за винска едукација Wine Way и водена од Петар Величковиќ – сертифициран WSET едукатор и CMS сомелиер.

галерија

Македонски вински угостител во Охрид и Струга - Март 2021